МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Со песна против војна ….(5) Đorđe Balašević-Samo da rata ne bude

Објавено на: 02.03.2022 во 08:29

… продолжуваме со песната на Ѓорѓе Балашевиќ „Само војна да нема“ (Đorđe Balašević-Samo da rata ne bude) објавена во 1987 година. Музичката критика ја оценува како една од најубавите антивоена песна на балканските простори. Во неа Балашевиќ ги опиша ужасите на војната што ќе ја зафати областа на СФР Југославија, само четири години подоцна. Песната ја изведува со детски хор.

Инаку овој кантавтор за време на војната тој го издаде албумот „Еден од тие животи“/Један од оних живота со песни за кои беше премолчено забранет на повеќе радиостаници.

Песната „Само да нема војна“ како своевидна химна содржи антивоени ставови и водењето на војна во секаква смисла. Тоа го потврдува стихот: „Само да нема војна, лудило меѓу луѓето, големите нудат заблуди, нè плашат со разни чуда и на секоја бајка да и наудат, само војна да нема“

„Samo da rata ne bude, ludila među ljudima,

veliki nude zablude, plaše nas raznim čudima

i svakoj bajci naude – da rata ne bude!

За Балашевиќ е карактеристично што на почетокот на последните крвави настани во земјите од некогашната СФРЈ е тоа што зазема целосно антивоен и пацифистички став, кој го промовираше во бројни песни, концерти, говори и интервјуа.

Подоцна во песната „Ние сме виновни“/Krivi smo mi, тој зборува за бесмисленоста на војната и за тоа како НИЕ, народите на тогашните земји, ги дозволија сите ужаси и масакри, без да се изрази незадоволство од она што го прават владетелите. Има и уште една песна „Човекот со месечината во очи“/Čovek sa mesecom u očimaкоја ја посвети неколку години пред падот на Вуковар. Песната според многумина е најубавата песна за воениот Вуковар некогаш напишана.