МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Таравари доби поддршка од Демократскиот сојуз на ромите

Објавено на: 27.10.2021 во 01:28

Гостивар, 27 октомври 2021   Политичката партија Демократски сојуз на ромите ќе го поддржи кандидатот на Алијанса за албанците и Алтернатива на изборите на 31 октомври. Според партиски извори ДСР по првиот круг имало средба на партиските претставници и била догворена соработка.

Договорот за соработка го објави и актуелниот и кандидат за градоначалник Арбен Таравари.

ДСР во првиот круг настапи со советничка листа и освои 850 гласа и едно место во општинскиот совет

Таравари на последната прес-конференција појасни дека освен оваа соработка, Алијанса ќе ги поддржи кандидатите на Движењето Беса во општините Тетово и Желино и очекува оваа поддршка Алијансата за Албанците да ја добие во општините каде имаат свои кандидати во вториот круг.