МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Татко и син се замериле со полицајци, синот приведен за напад

Објавено на: 24.03.2022 во 12:02

Гостивар 24 март 2022   Две лица, татко и син се приведени откако влегле во кавга со полицајци на должност и физички ги нападнале на улица во Гостивар.

Според СВР Тетово, вчера (23 март) околу 13 часот и 30 минути, на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар лишен од слобода е У.Б. (27) од гостиварско Беловиште затоа што физички ги нападнал додека преземале службени дејствија. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар. Малку подоцна, неговиот татко Н.Б.(55) кој пристигнал на местото на настанот агресивно се однесувал кон полициските службеници. Н.Б. по настанот самостојно отишол во станица.

Во ОВР Гостивар се работи на расчистување и документирање на случајот, а против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.