МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Трета по ред керамичка работилница „Терра Арт“.

Објавено на: 06.07.2022 во 10:47

Гостивар, 6 јули 2022 Триесетина студенти, уметници и заљубеници во уметноста кои се дел од овогодишната работилница за керамика „Терра арт“ ги совладуваат новите техники на изработка и боење на дела од глина.

Иницијаторот и организатор на работилницата, скулпторот Џезаир Реџепи, рече дека годинава покрај постојаните 14 учесници, има заинтересирани кои самоиницијативно се приклучија за да ги усовршат вештините при изработка на дела од керамика.

            – Оваа година, за разлика од претходните и успеавме да ја обезбедиме Ајлин Донмез од Турција која ја е ангажирана како демонстратор и ментор. Донмез, помага и ги пренесува знаењата за актуелните трендови и нови техники. Задоволен сум од интересот и ангажманот на учесниците и ќе биде голема радост да се видат делата на изложба кои се изработени на работилницата, вели Реџепи.

Учесниците на работилницата „Терра арт“ творат и учат во просториите на здружението на ликовни уметници „Драудакум“ во Центарот за култура „АСНОМ“ Гостивар.

Концептот и замислата на организаторот е уметниците да престојуваат седум дена и заеднички да создаваат, да се дружат и споделуваат искуства во областа на уметноста. Целта е да се афирмира ликовната уметност и особено керамиката како медиум во државата и гостиварскиот регион

Претходно „Терра арт“ се одржа во 2020 и 2021 година и финансиски е поддржана од општина Гостивар и Министерството за култура.

згм