МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Уапсен лекар, издавал лажни ПЦР тестови

Објавено на: 23.03.2021 во 12:46

Гостивар, 23 март 2021 Лекар од Гостивар кој напишал две потврди за негативни ПЦР тестови доби кривична пријава. Полицијата го лишила од слобода и денес доби осумдневен притвор.

Од СВР Тетово информираа дека претпладнево Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране. За него, полицијата има основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Е. М. се сомничи дека на 7 и 9 март, како лекар во општа болница „Ферид Мурад“ на две женски лица од Форино и Гостивар им изготвил лажни негативни „ПЦР-тестови“. За тоа им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари. Потврдите за негативен ПЦР тест на лицата им биле потребни за патување во странство, наведуваат од СВР Тетово.

Лекарот вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар. По пријавата, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на лекарот му определи осумдневен домашен и одземање на патната исправа. з. г. м.