МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Утре неработен ден за православните христијани, а петок за сите

Објавено на: 05.01.2022 во 15:50

Гостивар, 5 јануари 2022   Продложениот викенд започнува од утре. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празници.

Па така, за православните верници претстојат два неработни денови поради големииот празник Божик. Петок  7 јануари е неработен ден за сите граѓани, додека неработен ден ќе биде и Бадник, но само за граѓаните од православна вероисповед.