МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Утре стартува изборната кампања

Објавено на: 26.09.2021 во 15:39

Изборната кампања за Локалите избори 2021 закажани за 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена пред денот на изборите. Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат. Кампањата завршува на 15 октомври на полноќ.

Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

ДИК го утврди и изгледот на избирачкото ливче за локалните избори.

На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.

Како и за Парламентарните избори 2020, и годинава изборите ќе се одржат со спроведување мерки за заштита од Ковид-19  и ќе бидат формирани посебни изборни комисии за лицата кои ќе искажат интерес за гласање, а на денот на изборите ќе бидат во изолација или позитивни на коронавирусот.