МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Учителот Селман Калиси стана почесен граѓанин

Објавено на: 17.06.2021 во 14:32

Гостивар 17 јуни 2021  Пензионираниот учител Селман Калиси е прогласен за почесен граѓанин на Гостивар. Признанинето со симболичниот “клучот на градот“ го врачи градоначалникот Арбен Таравари на церемонија што се одржа во салата

-Десетици и стотици гостиварци беа едуцирани од наставникот Селман и затоа не случајно нашиот град денес е највиско рангиран кај албанците во земјава. Тоа е дело на овие тивки херои, како што е овој учител кој на гостиварци им подари момчиња и девојчиња кои го сакаат и се грижат за него, рече Таравари.

Калиси во благодарноста за овој чин напомена дека му направена голема чест и дека со овој чин општина Гостивар покажала дека не ги заборава наставниците и го цени нивниот напор и нагласи дека оваа награда треба да биде мотив за новите генерации.

Калиси признанието го заслужи и за неговиот ангажман во КУД „Беса“

каде покрај што подучувал генерации на гитара, хармоника и мандолина, тој дал и придонес со учество и унапредување на интелектуалниот и уметничкиот живот во градот.