МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Фатени дрвокрадци во гостиварско Србиново

Објавено на: 02.09.2022 во 12:16

Гостивар, 2 септември 2022 (МИА) Три лица биле приведени откако биле затекнати како вршат бесправна сеча на дрва во атарот на селото Србиново, Гостиварско. Едно од нив, странски државјанин, откако бил изведен пред судија за прекршоци е депортиран од земјава.

Според СВР Тетово, полициски службеници на ОВР Гостивар, вчера (1септември) во 18 часот во атарот на гостиварско Србиново, во месноста „Запоѓе“, ги лишиле од слобода А.Д.(40), Ш.Д.(35) од Србиново и Б.С.(41) од Република Албанија. Тие биле затекнати во момент кога со моторна пила бесправно сечеле дабови дрва.

Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар, а одземена им е пилата и поголема количина дрва. Подоцна, албанскиот државјанин предаден е во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Нему, судија за прекршоци му изрекол прекршочна мерка зашто го злоупотребил и туристичкиот престој на подрачјето и е депортиран во матичната земја.

згм