МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Хуманитарен велеслалом: Акција за подновување на интернатот во Маврови Анови

Објавено на: 01.04.2021 во 09:33

Гостивар, 1 април 2021 Организаторот на хуманитарниот велеслалом по откажаните натпреварите заради пандемијата ќе спроведе акција за прибирање на средства за подновување на интернатот во Маврови Анови. Покрај уплатите на учесниците, парите од сите купени карти во Ресорт Маврово во среда и четврток ќе одат бидат префрлени за оваа намена.

– Оваа година поради пандемијата, велеслаломот нема да се одржи, но продолжуваме со хуманост. Овогодишната цел е да се покаже хуманоста на непрофесионалните и професионалните скијачи кон оние на кои им треба нашата помош за соодветни услови за школување, наведуваат од Ресорт Маврово.

Годинава, организаторите решија покрај средствата кои учесниците ќе ги уплатат за учество на Хуманитарниот велеслалом што се одржува во Маврово, да дадат и дополнителен придонес. Парите од продадените карти на 6 и 7 април ќе се префрлат на сметката за таа намена. 

– Затоа, на 6 и 7 април годинава, во Ресорт Маврово скијаме за ученички дом „Седек Костоски“ Маврови Анови, кој работи во состав на Основното училиште „Денче Дејаноски“, општина Маврово и Ростуше. Испратете ги вашите вработени на чист воздух и малку одмор од секојдневието и помогнете им на децата од ученичкиот дом „Седек Костоски“ да имаат подобри услови за школување и околина која ќе им овозможи квалитетно образование. Ако немате скијачи во вашата компанија, но имате желба да им помогнете на децата, може директно да донирате средства на ученички дом „Седек Костоски“ Маврови Анови, велат организаторите.

            На хуманитарниот велеслалом, 19 години по ред се пријавуваат екипи на компании за да се приберат средства кои одат во хуманитарни цели.  Во ученичкиот дом се сместени деца од прво до деветто одделение од околните села и деца од социјално загрозени семејства. Повеќе информации за настанот на [email protected]