МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

CHRIS J со ексклузивен микс на Radio G

Објавено на: 01.12.2021 во 10:32

Гостивар, 1 декември 2021 Во недела од 17 часот на фрекфенцијата на Radio G (106,4 за Гостивар и Тетово) и онлајн ќе го емитуваме настапот со сет на CHRIS J во живо.

Овој млад и талентиран домашен диџеј, претставник на текхаус и новата ера на техно, изминатиов период имаше забележителни настапи на елитни фестивали на нашите простори како: Ohrid Calling, Skopje Calling, Deeper Underground Avalon Production, Pivolend. Баран е и има редовни настапи низ клубовите во Македонија како Nightclub Clique (Штип), Calypso (Прилеп), Nightclub Hush (Битола) ,Heaven Nightclub (Велес), Vox (Скопје), Brioni (Штип), MKC (Скопје), BLVD (Гостивар), Massiva (Гостивар), Intermezzo (Гостивар). Бил и на сцена со врвни имиња од електронската музичка индустрија како: Meduza, Artbat, Salvatore Ganacci, Topic, Mahmut Orhan и други.

Од тие причини го поканивме да гостува со едночасовен микс на нашата радио станица.

CHRIS J e официјален warm up DJ на еден од најдобрите артисти на овие простори GALOSKI и музички соработник на Radio G. Во очекување, ве покануваме да слушате 106.4 RADIO G.