МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

In memoriam: ПОЧИНА РАДИОЛЕГЕНДАТА ЛАЗАР НИКОЛОВСКИ ОД „105-КА“

Објавено на: 29.07.2021 во 23:53

Споделуваме тажна вест која нам, радиските ликови тешко ни падна. Во секој еснаф, па и овој радискиот има легенди и луѓе должни за почит. Токму еден таков не’ напушти. Во спомен на Лазе Бомбардерот ќе го преенсеме текстот на колешката Жанета Здравковска, дописничка на СДК од Битола..

На 68 години ненајдено почина Лазар Николовски, сопственикот на познатото битолско радио „105 Бомбардер“. Николовски беше меѓу првите приватни радиодифузери во државата, познат по целовечерните контактни емисии, како и програми со музички желби и шеги. Иако се пензионираше пред неколку години, остана зад радиопултот до крај.

Ќе остане запаметен по прочуениот „Маратон без сон“, со кој влезе во Гинисова книга на рекорди како водител кој најдолго водел радиоемисија без спиење. Целиот текст може да прочитате тука