Таравари предлага продолжено работно време за угостителите во Гостивар

Гостивар, 26 јули 2021 Градоначалникот на општина Гостивар од советот на општина ќе бара да се изгласа одлука за продолжено работно време за угостителите. Градоначалникот Арбен Таравари во изјава за МИА го појаснува предлогот кој како што вели треба да ја закрепне локалната економија и туристичко-угостителскиот сектор.

  – Во периодот кога во нашата општина има зголемен прилив на иселеници и се очекува и зголемен обем на работа во угостителските објекти. Предлогот е да се продолжи работното време за два часа, во деновите кога има манифестации или културно-забавни програми. Со измената предвидено е во деновите од викенде наместо до 1 часот по полноќ, кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти да работат до 3 часот , односно наместо до полноќ да бидат отворени за гости до два часот. Законот за угостителска дејност тоа го овозможува и ние сакаме да ја искористиме таа можност и да му помогнеме на овој сектор, кој заради пандемијата претрпе големи загуби, вели Таравари.

Тој очекува, неговиот предлог да добие едногласна поддршка од советниците кои според најавите во четврток во четврток треба да ја одржат последната седница во овој состав.

Доколку предлогот добие „зелено светло“ угостителите нема да бидат обврзани да поднесуваат барање за продолжување на работното време, со оглед дека надлежните институции ќе бидат веднаш известени за новата одлука.

Минатата година, локалната самоуправа ги ослободи локалните бизниси од комуналните давачки за ги ублажи последиците кои кризата во која влегоа заради пандемијата и мерките за заштита.

згм

Коментарите се затворени.