Трговец наседнал на вешта измама

Гостивар, 10 март 2022     Трговец наседнал на „трик“ од вешт измамник, кој повторно наоѓа жртви во Гостиварско. Од полицијата предупредуваат, да се обрне поголемо внимание особено кога прифаќаат „поволни понуди“.

Според СВР Тетово, вчера (9 март) во 19 часот, гостиварецот В.Д.(40) пријавил дека бил измамен од  едно машко лице. Според пријавата, лицето телефонски му се јавило, претставувајќи се како менаџер на реномиран угостителски објект. На пријавителот (вработен во трговски дуќан), му нарачало два фрижидера, наводно за потребите на објектот.

Според нефицијални извори на Radio G, измамникот за да биде поуверлив му побарал услуга  и да плати за производи на друго лице во Тетово. Трговецот ги дал парите, а потоа ја реазлизирал нарачката, испорачувајќи ги двата фрижидери. Откако сфатил дека од угостителскиот објект не е нарачана техничка стока, на В.Д. му станало јасно дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Последниве години на гостиварското подрачје се случува „наивни“ угостители, поедници па дури и музичари да прифатат понуда за организирање на настан и при тоа да платат за некаква услуга. Подоцна беше откриено дека лице кое се наоѓа на отслужување на затворска казна ги организра измамите.

Коментарите се затворени.