Давид, најмладиот гостиварец кој го освоил Кораб
Гостивар, 18 септември 2024 – Деветгодишниот Давид годинава стана најмладиот освојувач на планински врв Голем Кораб (2.764 метри). На традиционалното искачување по повод празникот Денот на независноста на Македонија, овој четвртоодделенец на највисоката планина во Македонија, се искачи на 8 септември.
Придружуван од татко му Дане Гаврилоски, Давид беше меѓу тристотините планинари кои од рано утрото тргнаа во повеќечасовниот поход. Неговиот татко, кој е пасиониран заљубеник во природата ни кажа дека од појдовната точка во неделата (4.09.2024) тргнале во 8:00 часот, а на врвот биле 14.40 часот.
– Давид добро го поднесе предизвикот, иако на крајот му се забележа замор. Тоа е логично, бидејќи се работи за патека која во двата правци е речиси дваесет километри. Утрото во 6 часот тргнавме од Маврово, а во викендичката стигнавме во 21:30, вели Дане.
На искачувањето на Голем Кораб, летово му претходеле и три планинарски тури, што за Давид биле и своевиден тест за неговата издржливиот. Давид вчера ја доби и дипломата од организаторот планинарскиот клуб „Кораб дека е најмладиот освојувач на врвот а 34-то искачување. Според кажувањата на постарите планинари од планинарски клуб „Бистра“, чиј член е, тој засега е најмладиот гостиварец кој го „совлада“ највисокиот врв.
Давид со планинските врвови се соочил и пред 4 години, кога заради временските услови, не се качи на Титов врв. Од малечок искажува љубов кон природата и често со семејството престојува во планинските предели каде се запознава со богатството кое го нудат планините околу Гостивар.
Коментарите се затворени.