Буџетот на општина Гостивар за 2025 ќе биде 27 милиони евра, за секое новороденче по 6 илјaди денари и повеќе пари за спорт и екологија
Гостивар, 30 декември 2024 – На последната седница на советот на општина Гостивар која се одржа денес, беше изгласана одлука со која во наредната година за секое новороденче ќе се издвојуваат по 6.000 денари.
Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани во образложението на предлог одлуката пред членовите на општинскиот совет, напомена дека оваа мерка треба да им помогне на родителите кои во 2025 година ќе добијат принова.
Лимани посочи дека во програмата, покрај оваа мерка, предвидена со Програмата за социјална и детска заштита се разгледува и издвојување на средства од општинската каса и за првачињата.
Во буџетот кој ќе тежи над 27 милиони евра, предвидени е речиси двојно повеќе пари за поддршка на спортски клубови и настани, а значително е зголемен и износот за заштита на животната средина и мерките за подобрување на воздухот.
Одлуката за финансиска помош на семејство со новородено дете, ја подджраа сите присутни советници, освен советничката група на ДУИ кои претхдпно ја напуштија седницата.
згм
Коментарите се затворени.