Ема Нешковска СДСМ: Во Буџетот за 2025-та не се наведени проектите кои ќе се реализираат (ВИДЕО)

Гостивар, 30 декември 2024 – Советничката од редовите на СДСМ, Ема Нешковска во дискусијата на точката на дневниот ред поврзана со буџетот напомена неколку забелешки. Тие се однесуваа на расходите за капитални проекти кои достигнуваат близу 280 милиони денари, но како што рече не се наведени проектите кои ќе се финансираат и реализираат.

Нешковска побара и појаснување дали во ставките за кои се предвидени трансфери за НВО и други трансфери е предвидено финансирањето на Албанската академија која треба да се формира. Нешковска од говорницата изнесе и низа проекти кои ги предложи да се финансираат од општинската каса.

 

Целото обраќање може да го погледнете на линкот подолу

https://www.facebook.com/1609004723/videos/8949610288464532/

Коментарите се затворени.