Започна онлајн пријавување за финансиска поддршка за новороденче во 2025 година
Гостивар, 3 декември 2025 – Од денес започна да функционира мерката на општина Гостивар за финансиска поддршка од 6.000 денари за новороденче. Од локалната самоуправа известуваат дека на веб страницата на Општина Гостивар е отворена посебна рубрика за оваа намена.
– Пријавувањето е едноставно во посебна апликација која се наоѓа на насловната страница на веб-страницата. Заинтересираните треба пополнат секции со податоци и да прикачат скенирани документи: лични карти на родителите, извод од матична книга на родените за детето, трансакциска сметка на еден од родителите и телефонски број за контакт број, стои во известувањето од општина Гостивар.
Оваа мерка беше одобрена од општинскиот совет на последната седница и претставува финансиска поддршка за семејствата со новороденче. Таа според образложувањето на градоначалникот Ваљбон Лимани е дел од посветеноста на општината да ја подобри социјалната политика и да ги поддржи семејствата во создавањето поколенија.
тука е линкот кој води до апликацијата
Коментарите се затворени.