Излезе новиот албум на Д.Н.О., достапен на дигиталните платформи
Гостивар, 29 декември 2024 – На крајот од оваа година и во пресрет на новата, љубителите на македонската музика добија уште едно издание од групата Д.Н.О. Од групата информираа дека новиот албум албум со наслов “Вистински“ го промовираа минатата недела. Песни од овој албум ќе бидат емитувани и на програмата на RADIO G.
– Овој албум е долгочекуван проект и излезе на 22 декември и ќе биде достапен на сите значајни дигитални музички платформи.Тоа ќе им овозможи на обожавателите од цел свет да го слушаат, велат од бендот.
Албумот е сниман во студиото СтудиоСпалнаСобаРекордингс и Алшар, од 2021 до 2024 година. Музиката на Д.Н.О. комбинира различни жанрови, вплетени во оригинални мелодии и текстови кои понекогаш носат длабоки пораки. Во меѓувреме се прават и подготовки да за концертна промоција на новиот материјал.
Д.Н.О. е составенa од пет членови: Владимир Поп Христов, Бодин Попов, Петар Лукиќ, Филип Попов и Гордан Попов.
Коментарите се затворени.