Бадник во Гостивар: Студенти по медицина ја дополнија празничната атмосфера со подароци
Гостивар, 6 јануари 2025 – Членови на Македонската Медицинска студентска Асоцијација (ММСА) во пресрет на православниот празник Божиќ организираа солидарна акција. На оригинален начин во „Боа бар“ ја дополнија празничната атмосфера и на дечињата кои учествуваа бадниковата поворка им поделија подароци.
– Бадник е симбол на топлината и светлината што ја носиме во нашите домови, но и во нашите срца. Денес сме тука заедно во Боа Бар да ја споделиме таа топлина со најмалите – децата, кои се најголемото богатство на нашата заедница, рече Симона Ристовска претседателка на Македонската Медицинска студентска Асоцијација. Таа дополнува дека со помош на проектот што ММСА се ангажираат да ги израдуваат дечиња, но и како што посочува, да се зачува традицијата.
Децата кои дојдоа во ланч барот „Боа бар“ добија на подарок пакетчиња, балони, сокчиња, бадникови ѕвездички и погача со паричка.
– Во духот на Бадник денес сите се обединуваме и покажуваме дека преку љубов, грижа и солидарност, можеме да направиме значајни промени. Им посакуваме на сите среќен Бадник, исполнет со мир, здравје и радост. Нека овој ден донесе благослови во вашите домови и многу насмевки на лицата на сите нас, рече Ристовска.
Таа искажа благодарност до оние кои ја помогнаа реализацијата на овој настан: Боа бар, Бонте Компани, ресторан Сајгија и Happy Mascots.
Празнувањето во Гостивар денес започна со бадникова поворка која го најави Христовото раѓање. Најмладите гостиварци се движеа по градските улици и ја пеаа коледарската песна „Вечниот Бог“. Поворката застана во црквата „Св.Петка“, каде беа традиционално дарувани со подароци.
Коментарите се затворени.