Започнаа подготовките за „БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ-2025“

Гостивар, 10 јануари 2025 – Иницијативниот одбор за прослава на православниот празник Богојавление – Водици информира дека се започнати подготовките и ги повикуваат верниците масовно да се приклучат. Избрани се и годинешните кумови.

„Со благослов на Неговото високопреосвештенство митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф ги информираме сите православни верници христијани дека на ден 19.01.2025 год. (недела) ќе се организира традиционалната прослава по повод големиот христијански празник „БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“

Од иницијативниот одбор „ВОДИЦИ-2025-Храм на Пресвета Богородица Гостивар“ порачуваат:

„Од голема и исклучителна важност е во што поголем број да се собереме пред соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ од каде ќе тргне литијата кон кејот на Вардар. Церемонијата започнува во 11:30 час по што ќе се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на Светиот крст.“

Наскоро ќе бидат објавени и повиците за пријавуавање на учесниците за вадење на светиот крст и „сучење“ на врвките.

 

Коментарите се затворени.