Градоначалникот Лимани оствари средба со претставниците на МПЦ и ИВЗ

Гостивар, 24 јануари 2025 – Претставниците на двете најбројни религиозни заедници имаа средба со градоначалникот на општина Гостивар. Тема на разговор било унапредување на меѓукултурната и меѓурелигиската соработка.

Градоначалникот Лимани преку Фејсбук-профилот информираше дека во неговиот кабинет имал средба со гостиварскиот муфтија Сабахудин еф. Зендели и митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф.

Тој истакна дека му е посебна чест што ги пречекал претставниците на МПЦ и ИВЗ и посочува дека Гостивар е пример на меѓуетничка и меѓурелигиска толеранција.

– Во фокусот на средбата беа заедничките активности кои дополнително ќе придонесат за унапредување на меѓукултурната и меѓурелигиската соработка, стои во објавата на вд градоначалникот Ваљбон Лимани.

Коментарите се затворени.