Наставата во сите средни и основни училишта е во прекин

Гостивар, 7 февруари 2025 – Наставата во сите основни и средни училишта во општина Гостивар е во прекин, откако утрово по електронска пошта пошта биле испратени пораки за наводно подметнати експлозивни направи.

Од секторот за образование na општина Гостивар информираа дека заради настаната ситуација со дојавите за поставени бомби, донеле одлука за прекин на наставата и затворање на објектите сè до добивање на потврда од надлежните институции дека се исполнети сите услови за безбедно одвивање на наставата и престој во училиштата

– Набрзо по контактите со повеќето директори на училиштата, презедовме мерки и препорачавме да се евакуира персоналот и учениците. Сите случаи се пријавени во МВР и очекуваме да се извршат потребните проверки. Засега нема да има настава во првата смена и не знаеме дали ќе завршат проверките и да започнеме со настава во попладневната смена, рече Аслијан Снопче, раководителката на секторот. Таа не можеше да потврди дали учениците ќе се вратат во клупите до крајот на денот, бидејќи во тек се проверки.

Повеќето дирекотори потврдија дека евакуацијата поминала без проблеми и паника и рекоа дека ги чекаат насоките од надлежните институции за натамошно постапување.

Од МВР информира надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Од досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.

Коментарите се затворени.