На Здравствен дом (стариот диспанзер) му претстои целосна реконструкција
Гостивар, 12 февруари 2025 – Раководство на Здравствен дом најави реконструкција на објектот по речиси педесет години. Плановите за овој зафат беа најавени при посетата на градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами на оваа јавна здравствена установа. Тој придружуван од пратеникот Аднан Азизи остварија средба со директорот Вулнет Оломани, на која по обиколката на некогашниот диспанзер го информирал за новиот проект.
Директорот Оломани појасни дека на главниот објект на Здравствен дом му се потребни значителни средства и доградба на еден кат за да овозможи квалитетни здравствени услуги.
Касами кој е инаку и лидер на „Беса“ политички субјект што е дел од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ напомена дека ќе лобира да се започне со најавените планови.
Некогашниот диспанезер е еден од најстарите здравствени објекти во Гостивар, во чиј склоп работат повеќе служби со 35 лекари и итната медицинска помош. Здравствен дом има повеќе ординации (стариот диспанезер, трудова медицина и стара касарана) во кои се сместени матични лекари.
Коментарите се затворени.