Ваљбон Лимани со најголеми шанси да биде кандидат за градоначалник
Гостивар, 14 февруари 2025 – Ваљбон Лимани, актуелниот вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар е потенцијален и кандидат со најголеми изгледи на претстојните локални избори, вака одговори на новинарско прашање министерот за здравство од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.
Таравари смета дека Лимани во направените анкети ја ужива поддршката на граѓаните и дека има големи шанси да биде кандидат на претстојните избори од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ.
– Верувам дека е потенцијален кандидат за градоначалник, но треба да се координираме во ВРЕДИ и во Алијанса за Албанците. Лимани има огромни шанси да биде кандидат за градоначалник како заеднички, на коалицијата – изјави Таравари, одговорајќи на новинарско прашање. Лимани ја наследи функцијата од Таравари кој доби втор мандат на последните локални избори.
Ваљбон Лимани беше претседател на советот на општината и важи за близок соработник на Таравари. Во јули минатата година стана вд градоначалник, откако Таравари ја прифати функцијата министер за здравство.
Коментарите се затворени.