Изгореа погон и магацин за производство на полиестерна стока
Гостивар, 16 февруари 2025 – Во пожар кој синоќа пред полноќ зафатил мала фабрика за производство на полиестерени материјали во близина на автопатот, изгореле два објекти, а еден е делумно. При интервенцијата еден пожарникар полесно е повреден.
Портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи информираше дека петнаесетина минути пред полноќ, било пријавено настанат пожар во објект- работилница, сопственост на М.А.(27) од Здуње, гостиварско, лоциран во близина на клучка Неготино, во атар на селото Чегране. При гасењето на пожарот, пожарникарот Е.И.(44) од Гостивар, се здобил со телесна повреда, констатирана во Ургентното одделение во гостиварската општа болница. Според информациите на СВР Тетово од претпладнево, пожарот е изгаснат од Територијалните противпожарни единици Гостивар и Тетово. Увид на лице место ќе изврши екипа при ОВР Гостивар.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Тетово, потврдија дека гостиварската противпожарна единица на повик во околу еден часот часот со 9 пожарникари и 3 возила започнале интервенција на опожарен објект во селото Неготино (општина Врапчиште). Со оглед на обемот на огнената стихија, ТППЕ Гостивар побарала и помош од ТППЕ Тетово, од каде интервенирале со 4 пожарникари и 1 ПП возило.
Според првичните информации се работи за објект за производство на полиестер кој се состои од три хали. Од огнот целосно изгорени се две, додека третата е делумно изгорена, наведуваат од РЦУК
При интервенцијата еден пожарникар паднал од скали и се здобил со повреди поради по што е згрижен во ургентното одделение во општата болница во Гостивар и е надвор од животна опасност. Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но заради опасност од шиење на огнот, пожарникари сè уште се на терен. Објектот е затворен извесен период и во него не се врши производство. Не се познати причините за настанување на пожарот.
Коментарите се затворени.