Продолжено работно време на шалтерите за вадење пасоши, возачки дозволи, лични карти и државјанства
Гостивар, 18 февруари 2025 – Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од денес (18.02.2025) дека Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат според нова сатница. Тоа значи дека граѓаните кои имаат потреба од вадење на нови лични документи (патна исправа, лична карта, возачка дозвола или уверение за државјанство во хартиена форма) тоа ќе може да го направат и попладневните часови.
Отсекот за управни работи Тетово, од понеделник до петок имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот. Исто така шалтерите ќе бидат отворени од 08.00 часот па до 18.00 часот во ОУР Гостивар.
Коментарите се затворени.