Гостивар со Сараево споделува заеднички вредности, луѓе и европска иднина

Гостивар, 18 февруари 2025 – Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани оствари посета на главниот град на Босна и Херцеговина. Тој посочи дека врската помеѓу Гостивар и Сараево се заснова на луѓето и вредностите што ги споделуваат и дека имаат заедничка европска иднина.

Лимани оствари повеќе средби со тамошните повеќе иселеници и разговарал за состојбите и нивните односи со татковината и бил запознат како тие делуваат на афирмација на родниот крај. За време на посетата градоначалникот Лимани бил придружуван од амбасадорот Јакуп Реџепи и Бафтир Фидани, при што се сретнал и со градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, општината со која е Гостивар е збратимен.

– Тоа беше срдечна средба. Нашите општини се збратимени и нè очекуваат многу заеднички активности. Сараево станува уште поубаво, особено благодарение на добрите луѓе кои живеат во него, напиша градоначалникот Лимани на социјалните мрежи.

Лимани потенцира дека Сараево е град кој ја носи тежината на историјата, а со Гостивар ја делат заедничката европска иднина.

За време на престојот, Лимани имаше средба и со градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ со кого размениле идеи и искуства за развој на туризмот, со оглед дека оваа година главниот град на БиХ е прогласен за „Топ дестинација 2025“ од National Geographic.

Коментарите се затворени.