Состанок за однесувањето, безбедноста и редовноста на учениците

Гостивар, 25 февруари 2025 –  Претставници на општината, родителски совети и училишни управи одржаа координативен состанок на кој разговараше за безбедноста на учениците, нивната редовност на наставата и однесување во училиште.

Аслијан Снопче, раководителката на општинскиот Сектор за образование, посочи дека кои ги засегаат ги сите вклучени во образовниот процес и дека на овој начин се бараат модели и решенија за да се одвива непречено и ефикасно.

– Проблемите кои се појавуваат ги решаваме низ дијалог. Зборувавме за кодексот на облекување на учениците и носење на униформи. Сметам дека тоа е важно. На тој начин се остава впечаток дека станува збор ученик и се избегнува таканаречениот натпревар за тоа кој каква облека носи, рече Снопче.

Таа ја истакна и редовноста на наставата и препорача да се води поголема сметка за присуство на часови и да нема ослободувања од настава ако за тоа нема важна причина. Според Снопче, користењето на мобилни телефони во училиште треба да биде ограничено исто како и во средните училишта.

– До основните училишта се испратени препораки за да се забрани користење за време на одржување на час. На тој начин ќе се воведе поголем ред во училниците и децата нема да ја губат потребната концентрација, посочи Снопче.

Особено внимание на состанокот беше посветено и на безбедноста во училиштата и појавите со врсничкото насилство предвизците кои доаѓаат од социјалните мрежи. Дел од родителите побараа да се посвети повеќе внимание на хигиената, која како што беше кажано во одредени училишта не е на задоволително ниво. Преставници на ОВР Гостивар, во насока на поголема безбедност, препорачаа почести средби за да се постигнат ефекти од превентивните активности.

 

Коментарите се затворени.