Сланината на Гаврилоски е Златен добитник на Сланинијадата 2025 во Качарево
Гостивар, 17.02.2025 – Викендот што помина беше успешен за Дамјан Гаврилоски и неговото семејство. Овој страстен мајстор за вкусовите по шести пат ги освои срцата на многу посетители и стручното жири. Па така, најновото одличје на Даме, не е само за сланината која е со врвен квалитет, туку и за несебичното споделување на македонската гастрономска традиција. Годинава на штанд, со потесното семејство додека траеше манифестацијата „Сланинијада“ во градчето Качерово (Србија) беа одлични домаќини. Заедно ја олеснуваа дегустацијата на своите производи, а во исто време ги промовира малите производители од Македонија.
На неговата „тезга“ се служеа најдобрите вина, колбаси, сланина, сирења, слатко од смокви и неодоливи намази од кромид и тартуфи. На фотографиите кои Дамјан ги објави може да се видат сите бои, кои асоцираат на сите вкусови кои доаѓаат од југот.
Организаторите на јавно му честитаа Дамјан и му се заблагодарија нему и на неговото семејство што секоја година го збогатуваат овој настан. И овој пат ја понесе титулата „светски првак“ на 38та Сланинијада, односно победник во категоријата „сланина од странство“.
Според критериуми како квалитет на производство, вкус, мирис и изглед, оваа престижна награда на Гаврилоски му ја додели стручната комисија составена од еминентните професори на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград, Милан Балтиќ, Милан Божовиќ, Владан Ѓурковиќ и д-р Александар Гркиќ.
Сланинајдата во Качерво има традиција подолга од три децении и важи за најголема манифестација и своевиден саем на сланина во светот на кој доаѓаат повеќе од 100.000 посетители.
Правењето сланина и други сувомеснати трајни производи и колбаси долги години се дел од неговата семејна традиција. Даме вели: Овој начин на производство е наследство од моите баби и дедовци, и јас се придржувам на тој старински начин на производство.
Коментарите се затворени.