Трагедија кај „неготинска клучка“, едно лице загина две тешко повредени

Гостивар, 4 март 2025 – Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово Гостивар близу „неготинска клучка“ една жена го загуби животот, а две лица се тешко повредени. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека се судриле патничко возило „пежо“ со охридски регистарски таблици, кое го управувал Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар.

– Во незгодата на самото место на повредите им подлегнала Д.М.(81) од Охрид сопатничка во пежото. Со тешки повреди се здобиле возачот и уште едниот сопатник сите од Охрид, констатирани во ургентното одделение во гостиварската болница, рече портпаролот Реџепи.

За време интервенцијата на спасувачките екипи и брзата помош, сообраќајот на овој дел од патот (кон Гостивар од клучка за Неготино) е во прекин и возилата се пренасочуваат по помошните патишта. Увид на самото место врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Коментарите се затворени.

Radio G