Панел дискусија во „Бехтел и Енка“ за поттикнување на родовата еднаквост и позиционирање на жените во градежната индустрија

Гостивар, 8 март 2025  – Во проектот за изградбата на коридорите 8 и 10д преку конзорциумот „Бехтел Енка“ вклучени се 90 жени, а од петте работни едници, три ги раководат жени, овие податоци ги кажа проект менаџерот Џошуа Т. Бејкер на панелот кој денес се одржа во кампот близу Гостивар посветен на Меѓународниот ден на жената.

На денешната панел-дискусија под мотото „Забрзување на акцијата: поттикнување промена во родовата еднаквост – Жени во градежништвото: можности и предизвици“ (#AccelerateAction: Driving Change for Gender Equality – Women in Construction: Opportunities and Challenges) покрај вработените, учествуваа и заменичките министерки за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска  и асистентакта од Градежниот факултет д-р Марија Доцевска.

Според менаџерот на проектот на најголемото градилиште во земјава, ангажирани е околу 1.600 луѓе од кои 90 се жени кои работат на широк спектар различни работни позиции.

 – Овие бројки ни укажуваат дека сè уште се потребни напори и посветеност од сите нас за да бидеме поинклузивни. Со проширувањето на нашите работни фронтови, бидејќи владата ни овозможува зголемен пристап до земјиште, еден од нашите фокуси останува да вработиме талентирани жени. На пример во компанијата на глобално ниво повеќе од 25% од вработените се жени, а 13% од високите раководни позиции ги држат токму жени, рече Бејкер.

Панелистите зборуваа за важноста од зајакнување на позициите на жените во општеството и промовирање на родовата еднаквост и поттикнување на жените да се приклучат на инженерската и градежна професија.

 – Жените сè уште се борат да го заземат вистинското место во оваа „машка“ индустрија и се надевам со нашето учество и пораките ќе ги поттикнеме жените градежници тоа и го постигнат, рече заменик министерката Лашкоска.

Заменик министерката Зеколи Шаќири посочи дека ова е убава можност и повод да се зборува за родовата еднаквост и дека е неопходно да се поттикнат жените во нивно поголемо вклучување во сите пори на општеството, па така и во градежништвото.

Панел дискусијата „Можности и предизвици за жените во градежништвото со акцент на создавањето промени во родовата еднаквост ја организираше „Бехтел Енка“ по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Коментарите се затворени.

Radio G