Избрани нови судии на Основен суд Гостивар

Гостивар, 10 март 2027 – На последната 517 седница Судскиот совет на РСМ која се одржа денес се гласеше за избор на нови судии во Основен суд Гостивар.  За судии на Основен суд Гостивар избрани се: Ален Садику, Арлинда Адеми-Османи, Полумбеша Сефери, Љеонора Јакупи и Кујтим Фетаи.

Членовите на советот ја дадоа конечната одлука по огласот за избор на судии на основни судови објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 27/25 од 07.02.2025 година.

Според информацијата на Судскиот совет објавена по седницата, се гласало според ранг-листата на кандидати за избор на судии и по тој критериум бил извршен избор на судии и во останатите судови низ зејмава.

Според информациите достапни на веб-страницата на Основниот суд Гостивар, во судот се ангажирани 18 судии, од кои 9 во кривичниот оддел и 9 во граѓанскиот оддел. По завршувањето на постапката за прием, бројот на судии во ќе се зголеми на 23, со што во иднина треба значително да се подобри ефикасноста при решавањето на судиските спорови во овој суд.

 

Коментарите се затворени.

Radio G