Започна реализацијата на капитални проекти во инфраструктурата
Гостивар, 12 март 2025 – Локалната самоуправа најави „пролетна офанзива“ во инфраструктура и реализација на повеќе проекти. Градоначалникот, Ваљбон Лимани денес по обиколка на едно градилиште напомена дека започна да се работи на капитални проекти кои се финансирани од првиот повик на владата. Од вкупно тринаесет, колку ѝ беа прифатени за финансирање, на три веќе се работи, а денес е почнато уредување на улицата „13“ во близина на основното музичко училиште.
Тој кажа дека освен на основниот проект за реконструкција, работите ќе се прошират со замена на водоводната цевка која минува под улицата, со што жителите во овој дел на градот ќе добијат подобри услови.
– Со проектот кој ја доби владината поддршка беше предвидено асфалтирање, но решивме да вложиме општински пари и да се изврши замена на водоводната инсталација, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани.
Работите треба да завршат до крајот на април. Во моментов се вади стариот асфалтен слој и екипи на ЈП „Комуналец“ ја уредуваат подземната водоводна инсталација. Вложувањето има вредност од 6,5 милиони денари, од кои 4,5 милиони се за асфалтирање и 2 милиони денари за новата водоводна цевка. Првиот човек на општина Гостивар, дека наскоро треба да започнат работите на покрупните проекти кои се дел од владиниот пакет за поддршка на локалните самоуправи.
– Во моментов работи се одвиваат на старата улица „Балиндол“ и улицата „Никола Тесла“. Наскоро почнуваат работите на уште три локации. За помалку од еден месец ќе започнат два крупни проекти. Еден, по булеварот од населбата „Малеарди“ до мостот до Основниот суд и проектот за улица Беличица што се финансира од Светска банка, појасни Лимани
Тринаесетте проекти од првиот повик кои ги доби општина Гостивар имаат вредност од приближно 2,7 милиони евра. Од вториот владин повик се очекува да добие 40 нови проекти.
Коментарите се затворени.