Нова „ЈУ“ рок мисија: Со музика против кладилниците и коцкањето (ВИДЕО)
Гостивар, 14 март 2025 – Налик на една иницијатива кога музичари од СФРЈ пред четири децении се собраа и во таканаречнета „Ју рок мисија“ снимија песна за гладните во Африка, сега пеат за помош на своите сограѓани од метастазираната болештина наречена кладилници и игри на среќа. Оваа песна од денес се емитува на 106,4 Radio G како новитет. Импозантната екипа од доајени и гоелми ѕвезди на ју рокот снимија и спот чија порака е против кладилниците и коцкањето, по идеја на еден новосадски ди – џеј и гитарист.
Како што јавуваат медиумите од регионот, иницијатор е Александар Јаниќ Јана од Нови Сад, поранешен наркоман. Тој сфатил дека работата е отидена предалку кога видел дека во тамошниот центар за рехабилитација сè повеќе доаѓаат зависници од таков тип.
Јана за реализацијата на идејата собрал спектакуларна екипа: Рамбо Амадеус, Рундек, Партибрејкерс, Електрични оргазам, Дубиоза, ТБФ, Џибони, Миле Кекин, Атеист Рап, Лету штуке, Канда, Конџа и Небојша, Зоран Предин, Лав Хантерс, а Влатко Стефановски свири гитара.
Сите заедно, ја изведуваат песната „Крокодили долазе“ на Срѓан Гојковиќ – Гиле фронтменот на Електрични Оргазам во аранжман на Атеист Рап. Повеќе за учесниците во снимањето и порката има во описот на видеото.
Коментарите се затворени.