Одбележан 7 Април Светскиот ден на здравјето
Гостивар, 7 април 2025 – Ученици и наставници од средното медицинско училиште на градскиот плоштад на сограѓаните им ги мереа нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. Овој настан беше дел од активностите за одбележување на 7 Април ден, меѓународниот ден на здравјето.
Директорот на средното медицинско училиште, Јетон Сулејмани напомена дека овие активности се дел наставната програма и се насочени кон подигање на свеста и превенција на здравјето.
– На денот кога е основана Светската здравствена организација даваме придонес во активностите што придонесуваат за поголема грижа за здравјето. Ние традиционално се приклучуваме со бесплатни прегледи на пунктот на плоштад, рече Сулејмани.
Поддршка на „медицинарите“ им даде и локалната самоуправа. Меѓу првите, проверка направи и вд градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој како специјалист по ендокринологија, на сограѓаните има порача да вршат почести контроли доколку сакаат да имаат подобро здравје. Лимани препорача, здрава исхрана, поголема физичка активност, особено на оние кои имаат предиспозиции и семејна историја на дијабетес.
Коментарите се затворени.