Дечиња од Гостивар изработија „хотели“ за инсекти

Гостивар, 13 април 2025 – Денес во работилницата за репарација „Прогрес“ во Гостивар се одржа предавање на тема: „Значењето на инсектите за природата и изработка на хотели за инсекти“ во која беа вклучени десетина дечиња. Тие на популарен начин низ игра се запознаа со малите „животинки“ како се размножуваат, хранат и живеат.

Предавањето го одржа еко-активистката од НВО Биодиверзитет за сите, Ангела Тасеска Михајлоска. Учесниците имаа можност да научат повеќе за клучната улога која ја имаат инсектите во екосистемот – како опрашувачи, чистачи и заштитници на биодиверзитетот. Во практичниот дел, учесниците учествуваа во изработка на „хотел за инсекти“, и на тој начин создадоа безбедно засолниште за нашите мали и мошне важни пријатели од природата.

 

       

 

Организаторите нагласија дека целиот настан освен едукативниот акцент, впечатлива била посветеноста на дечињата кои се вклучиле во оваа „авантура“ и радоста која ја доживеале.

– Учесниците научија зошто инсектите се вистински чувари на природата и како нивната улога е незаменлива за здрава и жива околина. Но, најзабавниот дел беше кога децата самите направија хотели за инсекти. Со многу љубопитност и вредни рачиња, создадоа безбедни домови за пчелките, бубамарите и другите мали пријатели на природата, неведуваат од работилницата за репарација „Прогрес“ во Гостивар

Таканаречените „хотели“ се засолниште кое ќе им помогне на корисните инсекти да најдат безбедно место за одмор и размножување, со што се придонесува за здрава и балансирана животна средина.

Иницијаторката за одржување на работилницата, Ема Нешковска искажа задоволство од одзивот и најави дека во иднина ќе се организраат вакви и слични настани.

– Ова не е само активност за еден ден. Ова е почеток на нова традиција, на нови стандарди за едукација и акција за заштита на животната средина во нашиот град. Верувам дека заедно, чекор по чекор, можеме да изградиме заедница која ќе ја почитува и ќе се грижи за природата со срце и со дела, рече Нешковска

 

   

 

Коментарите се затворени.

Radio G