Центарот на Гостивар празнично украсен
Гостивар, 19 април 2025 – Градскиот плоштад и улицата која води од Саат кулата до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се украсени и декорирани за Велигденските празници. Деновиве, локалната самоуправа постави фигури и „ѕвездено небо“ и придонесе за поубава и празнична атмосфера.
Особено атрактивна е фигурата со зајак поставена на градскиот плоштад која граѓаните, а особено децата ја користат за фотографирање. Улицата Илинденска на потегот од саат кулата до плоштадот годинава за прв пат беше украсена по повод Рамазан, а според најавите на локалните власти, ваквиот начин за одбележување на верски празници ќе продолжи и во иднина.
(foto gvpress)
Коментарите се затворени.