In Memoriam Тоше Поп Симонов (1962 – 2025)
Гостивар, 19 април 2025 – На 63 годишна возраст почина музичарот Тоше Поп Симонов, македонски музичар, композитор и аранжер. Тој остави неизбришлива трага кога во прашање е македонската музика, а твореше од далечната 1980 година.
Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост Скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел заедно со Кирил Џајковски и Ана Костовска. Подоцна и во групата Асторија со која издаде два албуми.
На почетокот на деведесетите години од минатиот век се појави како продуцент и композитор на албумот „Бубачки и градски ѕверки“ на Ена Веко. Познат е како „гуру“ на бендот Студени нозе и соработките со ѕвездите на македонското небо како Јаков Дренковски, Бени Шаќири, Тоше Проески, Владо Јаневски, Дарио, Верица Пандиловска, Меморија, К-15 и редица други. Соработувал со дискографската куќа Мистер компани, како продуцент и многу имиња од народната музика
Иако познат и признат како врвен гитарист, последните три децении работеше како продуцент во неговото студио. Тој ја направи првата снимка на легендарната „на Велигден сум се заљубил“ на Џокси. Тоше Поп-Симонов има придонес и во снимањето на музиката од филмот „Пред дождот“ (1994)
Слава ти маестро!!!
тука може да го видите неговиот опус во музиката и каде учествувал
Коментарите се затворени.