Реконструиран крак од улицата „Мара Угринова“ од автобуската станица до стар „Готекс“
Гостивар, 22 април 2025 – Кракот од улицата која води од автобуската станица до поранешната фабрика „Готекс“ е целосно реконструиран. На завршувањето на работите беше и вд градоначалникот Ваљбон Лимани со соработниците. Поставуавњето на нов асфалт и уредување на тротоарите по целата должина на на оваа улица чини скоро пет милиони денари.
– Завршија работите на улицата која е паралелна со железничката пруга во должина од 350 метри. Се надевам дека овој проект значително ќе го подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел. Планирано е да се работи и на уште два краци со што на граѓаните ќе им се подобрат условите за секојдневно движење, рече градоначалникот Лимани.
Тој оваа посета на населбата ја искористи да се сретне и со жители од населбата и да ги слушне нивните барања. Градоначалникот Лимани најави дека од утре започнуваат работите на улицата „Беличица, а многу скоро и на булеварот „Браќа Ѓиноски“. Се работи за две капитални инвестиции кои според најавите значително ќе ја подобрат сообраќајната инфраструктура во градот.
Коментарите се затворени.