Во градската библиотека зачленети 1.800, најмладиот има две, а најстариот 84 години
Гостивар, 23 април 2025 – Градската библиотека има 1.800 членови, љубители на пишаниот збор. Најмладиот има две години, а најстариот 84 години. Со порака до граѓаните повеќе да другаруваат со книгата, вработените во оваа установа го одбележуваат Светскиот ден на книгата.
Градската библиотека, која работи во склоп на Центарот за култура АСНОМ од скоро има уредени простории и е попривлечна за читателите, а за тоа говори и директорката на центарот Фарије Адили. Таа напомена дека бројот на членовите расте, а исто така и книжевниот фонд се зголемува.
Највозрасниот член е воедно и еден од читателите кои изнајмуваат книги, велат библиотекарите. За најмалиот кој има само две години, не знае да чита, но има однос кон книгите, внимателно ги листа, а често се дружи со сликовниците од детскиот оддел.
Светскиот ден на книгата на вработените им го честита и градоначалникот Ваљбон Лимани кој денес ја посети библиотеката. Во разговорот со вработените потврди дека се бара соодветен простор за читална. Лимани кажа дека е член на библиотеката заедно со неговата ќерка, а за читање наоѓа време. Најмногу го интересира филозофијата, но за релаксација во раце „фаќа“ и по некој наслов од светската белетристика.
Гостиварската библиотека има над 80 илјади книги од 40 илјади наслови печатени на македонски, албански, турски јазик. Целиот фонд е електронски регистриран и евидентиран, па така се има увид која книга ја има и каде е, па на тој начин може и да се направи нарачка. Градската библиотека е формирана во 1949 година и неколку пати ја има менува локацијата
Коментарите се затворени.