Црвен крст ги организираше Општинските натпревари по прва помош по 39-ти пат
Гостивар, 30 април 2025 – Ученици од средните и основните училишта од општините Гостивар и Маврово и Ростуше денес учествуваа во Општинските натпревари по прва помош. На кејот на Вардар дојдоа над сто учесници кои во
вештините и знаењата за пружање прва помош беа поделени во седум групи на за средношколци и четиринаесет за основци. Натпреварот под мотото „Прва помош во училишна средина“ го организираше ОО Црвен крст Гостивар.
– Училиштето е место каде што минуваме голем дел од денот, каде што се случуваат многу активности, а понекогаш, за жал, и итни ситуации. Брзата и смирена реакција со прва помош може да биде пресудна за здравјето и безбедноста на ученик, наставник или кој било друг во училиштето. Ова не е само натпревар на вештини и знаење, туку и можност да покажеме колку сме подготвени да си помогнеме еден на друг во итни ситуации, рече секретарката на Црвениот крст, Мерита Алили на отворањето на натпреварите. Таа напомена дека учесниците низ вежбите ќе научат да реагирате при несреќи и да покажат одговорност, соработка и хуманост. Алили посочи дека секоја точна постапка во првата помош може да спаси живот и денес вие ќе покажете како тоа знаење се применува на дело.
Бесник Зеќири, првиот човек на ОО Црвен крст Гостивар во поздравното обраќање посочи дека пружањето прва помош е важно во брзата реакција и помага во спасувањето на животи
– Првата помош не бара да бидеме лекари но бара да бидеме подготвени, смирени и да ги знаеме основните чекори. Овие први постапки можат да бидат пресудни за спасување на живот. Важно е да нагласиме дека првата помош не е само знаење таа е и граѓанска одговорност. Таа не прави посвесни, похумани и поподготвени да дејствуваме со храброст и грижа во најтешките моменти, рече во обраќањето претседателот на ОО Црвен крст Гостивар, Бесник Зеќири.
Градоначалникот Ваљбон Лимани во името на локалната самоуправа која е покровител на настанот ги поздрави учесниците и напомна дека покрај натпреварувачкиот дух, од голема важност е стекнувањето на знаењата и подготвеноста да се справат со предизвиците.
По општинските натпревари најуспешните ќе одат во Гевгелија на 10 мај во Гевгелија,. На 39-от општински натпревар, во категоријата средношколци, најуспешна беше екипата на средното медицинско училиште, кај основците учениците од ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк“. Според најавите, наесен (20 септември) Гостивар ќе биде домаќин на државниот натпревар по прва помош.
Коментарите се затворени.