Деца со посебни потреби присуствуваа на седница на општинскиот совет

Гостивар, 30 април 2025 – Деца со посебни потреби кои членуваат во повеќе здруженија беа гости на последната 45 седница на советот на општина Гостивар. „Гостите“ и советниците пред седницата добија подарок спортска маичка од КК Гостивар – младинска и книга од советничката Вјолца Бафтиу.

Вообичаено сериозната атмосфера на момент беше релаксирана, токму заради присуството на гостите кои дојдоа во големата сала во дирекцијата на ХЕЦ „Маврово“ (седниците се одржуваат во овој простор, бидејќи општинската сала се реновира). Овој настан се оствари во соработка со здружението When in Trouble. Градоначалникот Ваљбон Лимани на гостите им посака добредојде и се заблагодари на позитивниот дух кој внесоа во салата.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ Анета Ќироска која е претседателката на Комисијата за еднакви можности, рече дека како како советници и како луѓе се залагаат за нивно почитување и вклучување во сите сфери. Освен маичките, „гостите“ добија и по еден примерок од книга од советничката Вјолца Бафтиу Зулбеари (ДУИ) која ја има посветено токму на лицата со посебни потреби. Важноста од инклузијата ја истакна и советничката Ема Нешковска (СДСМ) и порача да нема поделби по никакви основи и различности.

 

Коментарите се затворени.

Radio G