Еко акција: За да биде Гостивар чист, сите треба да се грижиме
Гостивар, 9 мај 2025 (МИА) – Со еко-акција за собирање на отпадоци и чистење на јавни површини во центарот и населбата Малеарди, вработени во локалната самоуправа, волонтери, ученици, спортисти и оваа година се вклучија во националната еколошката активност „Генералка викенд“. Меѓу стотината учесници беше и вд градоначалникот Ваљбон Лимани кој посочи дека „Генералка викенд во Гостивар се спроведува по трет пат и во соработка помеѓу двете јавни претпријатија, општествено одговорни компани и невладини организации.
– Оваа активност е добредојдена за сите нас и е своевидна порака до сограѓаните за подигање на свеста за да градот ни биде почист и поубав. Апелирам до сите, да се грижиме. Се случува понекогаш комуналните служби да се соочат со проблеми за вршење на нивната работа, па затоа и граѓаните треба да се повеќе да се ангажираат и грижат. За да биде Гостивар чист, сите треба да се грижиме, рече градоначалникот Лимани.
Тој искажа благодарност до сите учесници кои се приклучија во еко-акциите. Годинава, локалната самоуправа активностите ги спроведе во соработка со „Позитива Б2“, Црвен крст, „Мен енд маунтин“ кошаркарските клубови, градските училишта, ЕВН.
Коментарите се затворени.