Одбележан 9 Мај денот на победата над фашизмот

Гостивар, 9 мај 2025 – Членови на Општинскиот одбор на Сојузот на борци, наставници и ученици од повеќе училишта и претставници на политички со положување на цвеќе на обележјата од НОВ и собир го одбележаа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот.

Претседателот на боречката организација Радислав Ѓиноски, на собирот на кејот на Вардар зборуваше за важноста на мирот и како што напомена, дека сме далеку од траен мир и овој не е ни траен, ни универзален.

 

Катица Аврамоска, професорка по историја, во обраќањето се наврати на историските околности и последиците од Втората светска војна. Таа напамена дека меѓу 50 милиони човечки жртви во борбите против фашизмот Македонија даде 33.000 жртви. Меѓу нив во борбата за слобода животите ги положиле 322 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор. По собирот имаше положување цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Покрај одборот на борци, почест искажаа претставници на ОО СДСМ и ЗНАМ.

Коментарите се затворени.

Radio G