Парична помош за семејства со деца со попреченост во гостиварските општини
Гостивар, 11 март 2021 Тим од волонтери на Општинската организација на Црвениот крст Гостивар, минатиот месец од 18 -28 февруари, посети 31 семејства на родители со деца со попреченост на територијата на Општина Гостивар и Општина Врапчиште. Волонтерите при посетата на семејствата пополнуваа прашалници во врска со висината на примања во семејството и делеа информативни флаери за финансиската помош.
„Од страна на Централната канцеларија на ЦКРСМ, на семејствата кои ќе ги исполнат условите во периодот од 15 до 26 март 2021 година ќе им биде исплатена еднократна финансиска помош на нивните трансакциски сметки”, информираат од ОО Црвен Крст Гостивар.
Активноста е во рамките на проектот “Справување со последиците од КОВИД -19 “ финансиран од Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.