Последна форумска сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети“
Гостивар, 11 јуни 2021 Учесниците во проектниот форум на општина Гостивар, денес ја одржаа петтата и завршна сесија. Одржувањето на овие собири беше прекинато поради ограничувањата кои ги наметна пандемијата. Сесијата се одржа во просторите на – ОУ Исмаил Ќемали.
Модераторите ги претставија досегашниот тек, предлозите и натамошните чекори кои произлегуваат од ова граѓанско вклучување и начин на одлучување. На сесијата, главен акцент беше ставен на избраниот проект „Вклучување на маргинализираните групи во општествениот живот преку рекреативни, спортски и културни активности“. Од овој избор на граѓаните, минатата година се реализира спортско-рекреативниот центар покрај кејот во близина на општата болница.
Проектот: „Зајакнување на општинските совети“ што го финансира Швајцарската агенција за развој и соработка СДС започнаа во 2019 година. Главната тема беше социјалното вклучување и поттикнување на родовата еднаквост, доброто владеење и мултиетничката соработка.
Идејните проекти кои не влегоа во потесниот избор ќе се достават до општината и ќе чекаат на одобрение од институциите. Таков проект со големи изгледи да се реализира е поправката на покривот во училиштето во Чегране.
Минатата година Фондот на проектот „Зајакнување на општинските совети“ изнесуваше 50,000CHF. Според најавите од донаторите и оценките за досега сработеното, постојат големи изгледи со оваа пракса да се продолжи и понатаму.
Коментарите се затворени.