Семејна расправија завршила со тепачка, од слобода лишени ќерка и мајка
Гостивар, 14 јуни 2021 Ќерка и мајка се лишени од слобода, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка. Случајот од вчера со насилството се расчистува по што ќе следуваат соодветни пријави.
Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг на Т.М. и неговата невенчана сопруга. Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет. Во пријавата 44-годишниот жител на гостиварско село навел дека нападот во неговиот дом го извршиле две привдени гостиварки. Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира, по што ќе следат и соодветни поднесоци. згм
Коментарите се затворени.