Арафат Шабани: Не може да ги принудиме наставниците да се вакцинираат
Гостивар, 23 јуни 2021 Засега нема начин ниту насоки за вакцинирање на наставниците кои досега не се вакцинирале и како тие ќе ја спроведуваат наставата во новата учебна година.
Заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани на новинарско прашање за тоа дали невакцинирањето на наставниците може да е закана и да го попречи стартот на новата учебна година.
Заменик министерот Шабани појасни дека во МОН нема точна бројка на вакцинирани и ревакцинарни наставници и на оние кои одбиле.
– Начинот на настава се реализира според упатствата што ги добиваме од надлежните здравствени установи и тела, главно од Комисијата за заштита од заразни болести. Приоритет ни беа наставниците кои изведуваат физичка настава, а за останатите во координација со здравствените власти, кои даваат насоки за термини вид на вакцина. Засега нема механизам или кампања за подигнување на свеста кај оние наставници, кои во септември треба да се вклучат во редовниот процес со физичко учество во наставата. Ние не можеме да ги принудиме да се вакцинираат, рече Шабани.
Тој потенцира дека МОН е во координација со Министерството за здравство и продолжува да доставува списоци и податоци за групи од воспитно-образовниот сектор.
Одзивот за вакцинирање во гостиварските училишта досега е делумен исто како и во градинките. Според најавите од МОН, владее оптимизам за физичко присуство на наставата во новата учебна година. згм
Коментарите се затворени.