Свечена академија во чест на Кирил и Методиј
Гостивар, 28 јуни 2021 По обезбедувањето на потребните услови за организирање на настани во услови на пандемија, организаторите најавија одржување на традиционалниот настан во чест на Св. Кирил и Методиј.
Утре, 29 јуни (вторник) по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се одржи свечена академија. Покрај обраќања за важноста на датумот, во големата сала на домот ќе има и пригодна програма.
Од Националната установа Центар за Култура „АСНОМ“ – Гостивар упатуваат отворена покана. Почетокот е во 19:00часот.
Коментарите се затворени.